Последниот Јужнокореец ќе се роди во 2621 година

Од:

Проекциите направени во рамките на истражувањето кое ги нарача либералната Демократска коалиција за нова политика, а го спроведе Истражувачкиот сервис на Националното собрание во Сеул, наведуваат на заклучокот дека Јужнокорејците ќе изумрат до 2750 година, што значи дека би биле прва национална популација на светот која би исчезнала заради ниската стапка на наталитет.

Последниот жител на главниот град Сеул ќе се роди во 2505 година, додека последниот Јужнокореец ќе се роди во 2621 година, јави весникот „Чосун Илбо“.

Први ќе изумрат жителите на јужното пристаниште Бусан, град каде популацијата најбрзо старее. Последниот жител на Бусан ќе се роди во 2413 година, се заклучува во студијата.

До 2056 година бројот на жителите на Јужна Кореја ќе се намали од 50 милиони на 40 милиони, а до 2100 на 20 милиони.

Во 2013 година забележана е стапка на раѓање од 1,19 дете по мајка, што е многу помалку отколку што би било неопходно за одржување на популацијата. Тоа е помала стапка отколку во Кина и покрај политиката на едно дете – но и во Јапонија каде според пишувањето на „Фајнешнл тајмс“, наскоро ќе се продаваат повеќе пелени за возрасни отколку за бебиња.

Владата на Јужна Кореја во изминатите неколку години воведе мерки за да се избори со овој проблем, за кој верува, се случил како последица на кампањата за намалување на семејствата во осумдесетите години од минатиот век.

На одлуката на родителите да се запре на едно дете можеби најмногу влијааеја екстремните високи трошоци на приватното школување, кое сега е забрането.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски