Порто го доведе Винсент Абубакар

Од:

Фудбалскиот клуб Порто потврди дека нов член на португалскиот тим ќе биде Винсент Абубакар досегашниот играч на францускиот Лориен.

Порто за трансферот на камерунскиот напаѓач ќе одвои 3 милиони евра, за потписот на Абубакар кој се обврза на четири годишна соработка.

Интересно е да се наспомене дека, Порто ќе поседува само 30 проценти од правата за овој фудбалер, слично како што тоа беше случај и со Радамел Фалкао и Хулк, во времето кога Колумбиецот и Бразилецот настапуваа за Порто.

Инаку, Абубакар минатата сезона во француската Лига 1, настапи за Лориен на 38 натпревари на кои постигна 17 голови. За репрезентацијата на Камерун тој има одиграно 27 натпревари и постигнато два гола.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Португалците ја надиграа Турција за осминафинале на ЕП

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бруно Фернандеш ги одведе Португалците во осминафинале на СП

ВИДЕО: Португалците најдоа начин да ја победат Гана

Натпревар во Португалија прекинат поради недоволно здрави фудбалери

Ана Ололовска

Истраги за даночни измами во португалскиот фудбал

А1он

Сантош ќе ја напушти португалската репрезентација доколку не се пласира на СП 2022

Ана Ололовска