А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Две кривопаланчанки заболени од жолтица

by А1он26/08/2014 - 17:02240
Share0

Според информациите од подрачната единица на Центарот за јавно здравје од Крива  Паланка, месецов се регистрирани два случаи на заболени од хепатит А.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Првите две лица заболени од жолтица годинава се пријавени во нашиот центар овој месец. Станува збор за две пациентки жители на Крива Паланка кои работат и престојуваат во Скопје. Едната е на возраст од 30 години и се заразила при контакт со својот сопруг кој претходно се разболел од хепатит А, додека кај другата пациенка изворот на заразата сеуште е непознат, изјави Елена Крстевска од ПЕ на Центарот за јавно здравје од Крива Паланка.

Според Крстевска, пациентите немале некои карактеристични симптоми на болеста.

-Двете заразени не пројавиле класични симптоми на жолтица, освен малаксаност, главоболка и губење на апетитот. Инаку карактеристично за заболените од хепатит е жолтило на кожата, пожолтеност на склерите т.е. белките на очите и темна боја на урината, рече Крстевска.

Крстевска потенцираше дека и двете пациентки имале матични лекари од Скопје, каде се јавиле на преглед и оттаму биле препратени на Инфективната клиника во Скопје каде биле хоспитализирани.

Препораките до граѓаните од медицинските лица за превенција од жолтица се да се обрне поголемо внимаие на одржување на хигиената, пред се често миење на рацете, како и консумирање течности и лесна храна богата со витамини.

Следете a1on на Youtube YouTube

Инаку, овие два случаи се единствеnи годинава, додека лани не е регистриран ниту еден заболен од жолтица во Крива Палака.

kriva-palankazoltica

Би можело да ве интересира

Апасиев примил претставка од оштетените граѓани од Крива Паланка – бараат собраниска реакција за долгогодишниот проблем со кравите

Катерина Ѓуровски27/11/2026 - 11:53

Поради расправија за добиток претепале жена во Дрење, ѝ скршиле скочен зглоб

Горан Наумовски25/11/2026 - 14:26

Нова кривична пријава за таткото и двете ќерки од Крива Паланка поради тешка телесна повреда

Горан Наумовски24/11/2026 - 15:5224/11/2026 - 16:03

Ристовски: Понудивме конкретен план и решение за проблемот со добитокот во Крива Паланка, градоначалникот Митовски го одби

Предраг Петровиќ21/11/2026 - 18:21

Протест во  Крива Паланка, Митовски порача: Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот

Предраг Петровиќ21/11/2026 - 14:15

Координативен состанок за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот во Крива Паланка

Предраг Петровиќ19/11/2026 - 17:2619/11/2026 - 17:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео