(ВИДЕО) Габер – Дамјановска: Државата да ги има во предвид пораките на луѓето искажани на јавните собири

Од:

Измените на Законот за јавни собири треба да се направат внимателно, со што е потребно да биде присутен принципот на избалансираност, да се има алтернативи кои не би креирале негативни одвивања на настаните, изјави судијката Наташа Габер – Дамјановска на Конференцијата „Заштита на просторот за мирен јавен собир во Југоисточна Европа“, која се спроведува од страна на Фондацијата „Отворено општество – Македонија“.

Законот за јавни собири е донесен во 1995-та година и ги регулира основните прашања, а досега претрпел измени и дополнувања по десет години и подоцна во 2007 година.

– Не постои друг тип право на граѓанинот освен мирното здружување. Според член 3 од Уставот, организаторот на собирот може да го извести МВР за одржување на собирот, нагласувајќи ги целите, местото и времето на собирот. За разлика од граѓаните на Македонија, странските државјани имаат право на протест, но мораат да го пријават – изјави Габер – Дамјановска.

Претставникот од општина Центар, Дончо Герасимовски истакна дека најголем дел од протестите се одржуваат на територија на оваа општина. Тој ја потсети јавноста на како што рече вандализмот кој се случуваше пред општината минатата година, во која една невладина организација со насилни протести уништија општествен имот и направија големи штети, а притоа биле загрозени животите на советниците, кои расправаа за измена на деталните урбанистички планови.

– Помина една година од настаните во Центар, каде имаше злоупотреба на државните органи и правото на мирен јавен собир. Од денешна перспектива, се гледаат какви се состојбите. Случајот се уште не е расчистен, а последно градоначалникот Жерновски побара одговор од министерката Јанкуловска да се произнесе за случајот – изјави Герасимовски.

Даница Павловска, како носител на иницијативата „Го сакам ГТЦ“ зборуваше за организираните протести против идејата за барокно фасадирање на Трговскиот центар. За неа е навредлив игнорантскиот однос на власта кон нивниот професионализам, во моментите кога архитектите ги изнеле аргументите против проектот „Скопје 2014“.

– Со тек на време, протестот доби духовност и емотивна димензија. Иницјативата за референдум за ГТЦ веќе е доставена до градоначалникот Андреј Жерновски. Сметаме дека дијалогот меѓу јавноста и одговорните – треба да трае. Се надеваме дека инвеститорот ќе прифати да седнеме на маса и да разговараме за ГТЦ, објект кој е вреден од културен и историски аспект. Мислам дека со тоа и власта би добила политички поени. Иницијативата ќе продолжи додека не се постигнат ефекти – смета Павловска.

Координаторката на Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Ирена Цветковиќ вели дека и покрај законската можност јавните собири да не бидат пријавени, тие секогаш ги најавуваат во МВР, бидејќи полицијта нуди сигурност, а тие немаат поддршка од граѓаните, со што присутните лица на собирот се изложени на висок ризик. Таа ја потсети јавноста на нападите на ЛГБТ заедницата и центарот во Стара чаршија за време на минатогодишната Недела на гордоста и организираната контра геј парада.

– И покрај законското право за јавен собир, не може секој граѓанин да го оствари. Сигурноста е прашање зошто голем дел од протестите имаат мал број луѓе, но страв им е да бидат брутално казнети. Пред само неколку дена, двајца млади додека седеле на клупа во парк, биле мавани со тегли, навредувајќи ги со зборовите „педери“. Самото тоа покажува дека го изгубивме правото на користење јавен простор – објаснува Цветковиќ.

На конференцијата биле повикани претставници од повеќе институции како МВР, Основниот суд и град Скопје, но не одговориле позитивно на поканата.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски