Светскиот и олимписки шампион Усеин Болт го прекина својот настап во Дијамантската лига.
Организаторот на митингот во Цирих соопшти дека светскиот рекордер Болт го откажал своето учество на митингот кој ќе се одржи во четврток.
Како што се наведува во соопштението, Глен Милс тренерот на Болт изјавил дека сега е висински момент Болт да ја заврши сезоната додека е здрав и додека нема повреда, како би можел подобро да се подготви за следната сезона.
Спринтерот од Јамајка на тој начин со само четири настапи ја заврши оваа сезона, иако се чинеше дека Болт е во вистинска форма, откако во петокот на митингот во Варшава поведи во трката на 100 метри трчајќи во време од 9,98 секунди.