Работниците од „Прототип“ протестираат пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Поранешни работници на кичевски ЕМО и до скоро работници на Прототип, кои неодамна добија отказни решенија од фабриката за челични конструкции со протест пред општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ги решат своите социјални проблеми, објави Радио Слободна Европа. 

Работниците се жалат што се оставени на улица, без работа, без пари, без иднина и визија како да опстануваат натаму во животот. Со огромни долгови за неплатени сметки во домаќинствата стравуваат од полошо.

Тие ги повикуваат кичевските пратеници на средба, бараат од нив помош за да ги остварат барањата од Владата. Работниците тврдат дека во Прототип нема работа, ниту иднина, затоа сите надежи им се насочени кон Владата. Најголем дел околу 70 отсто, од 80 поранешни работници имаат стаж од преку 25 години, а останатите се млади луѓе.

Би можело да ве интересира

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат