Самарас: Грција може да стане моќно сврзувачко ткиво меѓу ЕУ и Кина

Од:

Грција закрепнува од најголемата економска криза изминативе децении и денес е во подобра состојба од кога и да е, при што може да стане ценет партнер на Кина во регионот и во светот, изјави грчкиот премиер Андонис Самарас во специјално интервју за кинеската државна агенција Ксинхуа.

Самарас нагласи дека Грција се смета за „остров на стабилноста“ во еден регион, кој преживува бран од дестабилизирачки геополитички процеси и случувања.

Говорејќи за економските мерења на билатералната соработка, Самарас нагласи дека грчката Влада ги охрабрува кинеските инвеститори во сите нивни планови, со цел да може Грција да се претвори во „врата меѓу Кина и Европа“.

– Грција не е само уште еден партнер на Кина, таа може да стане моќно сврзувачко ткиво меѓу Европската унија и Кина, додаде грчкиот премиер.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски