Шампионот на Бундес лигата Баерн со победа од 2:1 над Волфсбург ја почна новата сезона во германското првенство. Синоќа на „Алијанц Арена“ Баерн имаше водство од 2:0 со головите на Томас Милер (37. минута) и на Ариен Робен (47. минута), додека голот за Волфсбург го постигна поранешниот играч на Баерн, Ивица Олиќ (52.минута).
Денеска се играат шест натпревари од првото коло: Хофенхајм – Аугсбург, Хановер – Шалке, Херта – Вердер, Ајнтрахт Франкфурт – Фрајбург, Келн – Хамбургер и Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен.
Мајнц на нашиот Николче Новески во недела гостува кај Падерборн, а истиот ден се игра и дуелот Борусија Менхенгладбах – Штутгарт.