Одржувањето на личната и општа хигиена важно за превенција од жолтица

Од:

Министерството за здравство поради појавата на заразна жолтица на подрачјето на град Скопје и во Штип, со цел спречување на нови случаи, укажува дека начинот на пренос на ова заболување може да се спречи со редовно одржување на личната и општата хигиена.

Заразната жолтица е заболување коешто се пренесува по фекално-орален пат, односно вирусот од болно лице се исфрла преку фецес, најчесто со нечисти раце при внесување храна или вода. Вообичаените контакти меѓу луѓето не придонесуваат за ширење на болеста, се посочува во соопштението од МЗ.

За таа цел потсетуваме на потребата од почитување на основните мерки за превенција од вирусниот хепатит А.

Министерството препорачува санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки. Редовно одржување на личната и општа хигиена, а од особена важност е темелно миење на рацете задолжително пред секое јадење и по секое одење во тоалет. Миењето на раце, како што се потенцира, треба да биде со течен сапун или со сопствен сапун. Бришењето на раце треба да биде со бришач за еднократна употреба или со сопствена крпа за бришење. Потребно е темелно миење на овошјето и зеленчукот пред конзумација.

Исто така се препорачува конзумирање безбедна вода за пиење (од водоводни мрежи), како и избегнување пиење вода од непроверени чешми, локални иззвори, бунари и слично, соодветно третирање и отстранување на отпадот, одржување на хигиена во домот и санитарните јазли, како и одржување на хигиената во колективни објекти каде престојуваат ученици, мали деца и постари лица (училишта, детски градинки, домови за згрижување стари лица).

Во Штип до денеска од со жолтица се заразиле 26 лица, додека во Скопје овој број е поголем и изнесуваа 66.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски