Поразениот кандидат на претседателксите избори во Индонезија, одржани на 9 јули, Прабово Субианто, изјави дека ја признава одлуката на Уставниот суд на Индонезија, кој вчера донесе решение со кое се одбиваат сите приговори на Субианто.
Тој не се појави на прес конференцијата на која е соопштена одлуката за прифаќање на решението на Уставниот суд, што аналитичарите во Џакарта го протолкуваа и како најава за повлекување од политиката на Субианто, кој има прилично негативна биографија од времето кога бил на врвот на армијата, во времето на диктаторот Сухарто.
По објавувањето на одлуката на Уставниот суд, со која Јоко Видодо и формално стана нов претседател на Индонезија, во центарот на Џакарта дојде до судири меѓу симпатизерите на Субианто и полицијата. Во нередите се повредени осум демонстранти и еден полицаец.
Над 45.000 полицајци и 50.000 војници во Џакарта сеуште се во степен на поголема подготвеност, бидејки не се искључуваат нови протести на симпатизерите на Субианто. На повисок степен на подготвеност се полициските и армиските сили во целата 250 милионска Индонезија, а така ќе биде најмалку три дена по проласувањето на одлуката на Уставниот суд.