Велкоски: Во Германија нема што да загубиме

Од:

Екипата на Сараево во рамките на првиот натпревар од баражот од Лига Европа загуби синоќа со 3:2 на домашен терен од германскиот тим Борусија Менхенгладбах.

Меѓу најдобрите играчи во таборот на Сараево беше македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски, кој асистираше при двата гола на својата екипа, но тоа се покажа како недоволно да се совлада бундеслигашот.

– Се надевам дека на реваншот во Германија ќе биде подобро, иако ќе имаме тешка работа. Кога играме дома како да не следат некои малери. Во секој случај ќе се обидеме да направиме се бидејќи на тој натпревар нема што да загубиме, изјави Велкоски за медиумите во Босна и Херцеговина.

Реванш натпреварот се игра на 28 август во Менхенгладбах.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска