Две асистенции за Велкоски во поразот на Сараево од Борусија Менхенгладбах во баражот од Лига Европа

Од:

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски имаше две асистенции во дресот на Сараево во првиот бараж натпревар од Лига Европа што неговата екипа го одигра синоќа со бундеслигашот Борусија Менхенгладбах.

Гостите од Германија победија со 3:2 на теренот во Сараево. Велкоски го одигра целиот натпревар, додека Ристе Митревски (Сараево) не беше во комбинација за овој натпревар.

Од другите македонски интернационалци во баражите од Лига Европа настапи Аријан Адеми со Динамо Загреб. Хрватскиот првак победи на гостувањето кај Петролул во Романија со 3:1. Адеми беше на теренот целиот натпревар, а заработи и жолт картон.

Адис Јаховиќ настапи 62 минути за Риека која постигна победа од 1:0 над  Шериф Тираспол. Првакот на Азербејџан, Карабах одигра натпревар без голови – 0:0 со холандскиот тим Твенте, а Муарем Муарем беше на теренот 67.минути.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска