Повеќе возила чекаат пред наплатната рампа „Отовица“ во правец кон Катланово, а сообраќајот на овој правец се одвива отежнато и забавено поради изведување работи на мостовите, соопшти попладнево Авто-мото сојузот на Македонија.
– На патниот правец А-1 Гевгелија – Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица „Отовица“ се изведуваат работи на мостовите, поради тоа е формирана подолга колона на возила до наплатната станица „Отовица“ во правец кон Катланово и сообраќајот се одвива отежнато и забавено, се вели во соопштението од АМСМ.