(ВИДЕО) Автобусите преполни: „Тепачка“ за место повеќе, патниците стуткани еден врз друг

Од:

Автобусите на ЈСП преполни, возачите не можат ниту да тргнат поради турканиците помеѓу патниците. Градот е дециден дека ЈСП работи со полн капацитет, но на терен може да се види дека место за сите патници – нема. Два автобуси, кои дојдоа еден по друг, на автобуска постојка во Карпош 4, не беа доволни за да ги превезат сите патници кои чекаа на постојката.

Во автобусите, патниците беа стуткани, еден врз друг. Двокатното возило со број „2“ тргна да вози со отворена задна врата, бидејќи истата не можеше да се заствори поради преголем број на патници кои беа во возилото. Во автобус со број „32“, не успеаа сите патници да влезат, па останаа да го чекаат наредниот. Без превоз, веројатно останале и патниците кои чекаа на следните станици, со оглед на капацитетот на возилата.

Од Град Скопје пак, децидни дека застој во вршењето на јавниот превоз – нема.

„ЈСП има капацитет и работи во полна кондиција“, кажа секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров.

Во изминатиот период, од ЈСП тврдеа дека во функција ставиле куп автобуси кои порано стоеле на паркингот од претпријатието како расипани. Таа посочи дека се оспособени и возат низ градските улици.

Автобусите на ЈСП се сѐ пополни, по блокадите во Скопје. Граѓаните го користат јавниот градски превоз за да избегнат возење во гужви и чекања во сообраќајот, што постојатно се случува изминатите неколку денови.

Би можело да ве интересира

За 12,5 отсто е намален бројот на патници со автобус во четвртиот квартал лани

Пресуда за „Ласкарци“: 14 години затвор за возачот на автобусот, сопственикот на „Дурмо Турс“ доби најблага казна од сите обвинети

Александар Тодески

Денеска и утре автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

А1он

Самитот на ОБСЕ ќе го блокира пола Скопје: Спасовски апелира на трпение

Александар Тодески

Владата даде поддршка за проектот „Воведување брз автобуски превоз во Скопје“

ВИДЕО: Ниту автобуси, уште помалку еколошки – Арсовска две години ветува, но никако да ги донесе