Премиерот на Зимбабве Морган Чангирај, се ожени со Елизабета Мачек и покрај забраната од судот затоа што, спрема „обичајното право“ тој веќе има жена.
Младенците ги разменија бурмите во Хараре, во склад со алтернативното „обичајно право“ кое дозволува полигамија.
Неговата поранешна љубовница Локардија Тембо тврди дека се венчала со Премиерот спрема „обичајното право“. Во ноември 2011 имале, наводно, традиционална венчавка, но Чангирај набрзо после тоа објави дека нивната врска е неповратно уништена. Локардија Тембо сега побарува од Премиерот 15 илјади долари месечна алиментација.
Локардија Тембо со Морган Чангирај
Некои аналитичари сметаат дека дека забраната на судот за вториот брак, е со цел да се извалка неговото име пред претседателските избори наредната година, бидејќи со законот на Зимбабве предвидена е моногамијата. Противкандидат на Морган Чангирај ќе биде актуелниот претседател Роберт Мугабе.
Првата сопруга на Морган Чангирај, Сузан
Други пак сметаат дека сам е крив за контроверзите околу венчавката, бидејќи бил во врска со многу жени после загинувањето на сопругата Сузан во сообраќајна несреќа во 2009 година, набрзо откако стана Премиер.