Нетанјаху и нареди на израелската делегација да ги напушти преговорите во Каиро

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и нареди на израелската делегација, која учествува на преговорите во Каро за постигнување трајно примирје со палестинските групации во Појасот Газа, да ја напушти египетската престолнина, изјави извор од израелската Влада, јави БТА.

Нетанјаху претходно и нареди на армијата да ги порази „терористичките цели“ во Појасот Газа по ракетниот напад од оваа палестинска територија со што беше нарушен прекинот на огнот.

Израелските военовоздухопловни сили веќе извршија напади врз палестинска територија, а засега нема податоци за евентуални жртви.

Три ракети, истрелани од Појасот Газа, паднаа денеска покрај градот Беершеба, во јужен Израел, соопшти претходно денеска израелската армија. Ракетите беа истрелани неколку часа пред истекувањето на полноќ на времениот прекин на огнот, кој имаше за цел да го овозможи договарањето на трајното примирје.

Претставници на израелските власти го обвинија Хамас за нарушувањето на примирјето.

Палестинското исламистичко движење, кое го контролира Појасот Газа засега не ги коментира овие тврдења.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас