Националниот центар за карцином во Јапонија планира за пет години да разработи метод, кој ќе овозможи рано дијагностицирање на 13 видови на рак со помош на обична анализа на крвта.
Вредноста на проектот изнесува 57 милиони евра и ќе придонесе за откривање на рак на дојката, абдоменот, коските, белите дробови, црниот дроб, жолчката, панкреасот, дебелото црево, јајниците, простата и мочниот меур.
Методот ќе може да помогне и за рано откривање на дегенеративни заболувања, како што е Алцхајмеровата болест.
Станува збор за анализа на микрорибонуклеинска киселина (микроРНК), чие зголемување се претпоставува дека е знак за развој на карциномот.
Неколку истражувачки екипи во Европа и САД, исто така, се интересираат за улогата на микроРНК во различните видови на рак, но јапонските научници сметаат дека ќе можат да стигнат подалеку во своите истражувања.
Во овој проект ќе учествуваат 65.000 пациенти, кои ќе бидат избрани од јапонскиот Национален центар за карцином.