Со натпреварот Бордо – Монако синоќа беше комплетирано второто коло во Француското фудбалско првенство. Победи Бордо со 4:1.
На другите два неделни натпревари: Олимпик Марсеј – Монпеље 0:2 и Сент Етиен – Ремс 3:1.
Претходно беа одиграни дуелит: Каен – Лил 0:1, ПСЖ – Бастија 2:0, Ленс – Генгамп 0:1, Лориен – Ница 0:0, Мец – Нант 1:1, Рен – Евиан 6:2 и Тулуз – Олимпик Лион 2:1.
По две рунди во новата сезона од Лига 1, со максимални шест бодови на табелата водат Бордо и Сент Етиен.