Најдобриот македонски фудбалер на денешницата Горан Пандев на првиот натпревар во дресот на Наполи од Калчо лигата, по издржувањето на казната во новата сезона, ја демонстрира извонредната форма во која игра летово.
Нашиот фудбалер е најзаслужниот за победата на Наполи од 3:1 на домашен терен против Парма во 3. коло од италијанскиот шампионат откако изнуди пенал, постигна гол и на крајот асистираше за учество во сите три погодоци на „небесносините“.
Покрај Наполи со максималниот ефект по првите три кола продолжуваат и Јувентус кој со пресврт славеше на гостувањето против Џенова, како и Лацио и Сампдорија сите денеска со гостински победи.