Французинот Махедин Мехиси-Банабад го направи најглупавиот потег на атлетското Европско првенство што се одржува во Цирих, Швајцарија.
Тој на педесетина метри пред целта на трката 3.000 метри стиплчес ја соблече маицата и иако прв влезе во целта остана без златниот медал. Мехиси-Банабад во целта втрча со маичката ставена во уста.
Францускиот атлетичар поради непромислениот потег беше дисквалификуван и залудна му беше прославата откако го освои првото место.
Ова не е прв неспортски потег на Мехиси-Банабад. На ЕП во Хелсинки пред две години, тој по влегувањето во целта како прв, го турна девојчето-маскота на првенството што сакаше да му го врачи подарокот кој следуваше за победникот.