Папата Франциско пристигна во Јужна Кореја, што претставува прва посета на еден поглавар на Римокатоличката црква на оваа земја во изминатите 25 години.
За време на посетата, папата ќе учествува во младински католички фестивал, ќе отслужи миса за мир на поделениот Корејски Полуостров и ќе се сретне со семејствата на загинатите во несреќата на јужнокорејскиот ферибот во април годинава.
На пат за Јужна Кореја авионот на Папата Франциско леташе над Кина, а папата испрати телеграма со која ги поздравува кинескиот претседател Кси Џинпинг и кинескиот народ.