Творецот на АДХД признал: Оваа болест ја измислив во соработка со фармацевтите

Од:

Психијатарот и човекот, кој го измисли АДХД, Леон Ајзенберг на смртната постела признал дека АДХД е целосно измислена болест, која ја осмислил за фармацевтската индустрија.

Доколку е се уште жив креаторот на болеста АДХД ќе ги предупредуваше родителите за лажливата и измамничка игра на психијатрите и фармацевтската индустрија, вели американскиот новинар Бредли Дин.

– АДХД е првокласен пример за измислена болест, изјави Ајзенберг во неговото последно интервју пред смртта.

Тоа отприлика би значело дека од милиони деца во моментов се создаваат зависници од фармацевтските дроги, предупредуваат активистите кои се борат за заштита на здравјето на децата.

Дин, кој е радиски водител појаснува дека АДХД е теорија, која ја осмислил Ајзенберг.

– Иако признал дека е измислена болест, никој не реагираше, а никогаш ниту еден друг лекар научно не докажа дека АДХД постои. И покрај тоа признание плановите продолжуваат и сметките на фармацевтската индустрија секојдневно се полнат. А што всушност им се прави на здравите деца?, прашува новинарот.

Тој додава дека се клукаат со тешки дроги од својата најрана возраст. Пијат отрови како Риталин (метилфенидат) и Адарел (амфетамин), а кои предизвикуваат голема зависност.

– Тоа е најобичен отпад, дрога, а не лек. Тие создаваат зависници од децата. Во прашање е измава, вели тој.

– АДХД е измама со која е јасно дека од децата се прават зависници од дроги, што навистина е страшно, изјави др. Едвард Ц. Хамлин, основач и член на Кралскиот колеџ, лекар по општа медицина.

Според податоците на Здружението на граѓани за човекови права во САД моментално на овие тешки лекови против АДХД се дури 20 милиони малолетни деца. Исто толку има и во останатите делови од западниот свет, па според некои проценки околу 50 милиони деца во овој момент се зависни од дрогите на фармацевтската индустрија.

Одвикнувањето од овие лекови може да трае со месеци па дури и години, а децата се одвикнуваат со некои други еднакво скапи и еднакво отровни лекови, така што профитот е загарантиран.

Бројот на здрави деца, кои наводно се заболени се зголемува секој ден, а многумина оваа појава ја нарекуваат чума на западниот свет.

– А какви се нус појавите од овој лек? Или пак психичките проблеми со кои тие деца беспотребно се соочуваат во системот, бидејќи се уверуваат дека се болни и неуспешни, иако пред примањето на лековите биле целосно здрави, можеби малку потемпераментни од просечните, нагласува Дин.

– Не заборавајте, мега фармацевтските корпорации можат да заработат само на два начини: да измислат нови лекови или пак да измислат болести, кои потоа ќе ги лекуваат со ново измислени лекови, заклучи др. Џеј Паркинсон во книгата „Индустријата, која исмислува и лекува болести“. 

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он