Италијанската полиција во Милано уапсила шестмина албански државјани, кај кои пронашла 7,2 килограми кокаин, чија вредност на нарко пазарот достигнува 500 илјади евра.
Во рамките на акцијата, полицијата открила и лабораторија за кокаин, со апарати за мерење и пакување на дрогата.
Во меѓувреме полицијата во албанскиот пристанишен град Драч, заплени 50 килограми марихуана. Дрогата била откриена во автомобил марка „Мерцедес“, сопственост на албански државјанин, а крајна дестинација на наркотикот била Италија.
Инаку, како што јави дописникот на МИА, албанската полиција продолжува со хеликоптерско набљудување на територојата на земјата и откривање на површини засадени со марихуна. Во поледните два дена уништени се околу пет илјади стебла од ова наркотично растение.