Екипата на Аталанта ја постигна првата победа во Италијанското фудблско првенство, откако синоќа на „Сан Сиро“ во Милано го совлада Милан со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Лука Цигарини во 64. минута. За Милан ова беше втор пораз во исто толку одиграни натпревари на домашен терен.
На вториот натпревар од 3.коло во Серија А одигран вчера, Палермо и Каљари одиграа нерешено 1:1.
AC Milan 0-1 Atalanta – Highlights by fasthighlights2013
Другите натпревари од оваа рунда играат денеска. Двојките се: Торино – Интер, Рома – Болоња, Џенова – Јувентус, Наполи – Парма, Пескара – Сампдорија, Сиена – Удинезе, Фиорентина – Катанија и Киево – Лацио.
Табела: Јувентус 6 бодови, Наполи 6, Лацио 6, Сампдорија 5,…