ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема реализирано ниту процент од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направило за младите

Од:

„Младите од СДСМ се крајно лицемерни. Токму  нивната партија ја закопа судбината на илјадници млади луѓе во Македонија. Тие ја оставија Македонија со рекордна, највисока стапка на невработеност од  над  38 %  и не обезбедија ниту едно ново работно место, а најмалку за младите во Македонија.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во континуитет работи да обезбеди што подобри услови за младите во Македонија. Оваа Влада го прави сето она што владите на СДСМ пропуштиле или пак несакале да го направат до сега.

Како резултат на големиот број реформи и проекти кои се реализирани, денес младите имаат поголем пристап до високото образование како чекор до поголем успех во животот. Отворени се нови универзитети, факултети и дисперзирани студии и намалена е партиципацијата за  студирање од 1000 евра од времето на СДСМ, на 200 евра. За разлика од времето на СДСМ кога студирањето беше луксуз и кога се образуваа само богатите синови на олигарсите од нивната партија,  денес студирањето  е достапно за огромен број млади во Македонија.

Дополнително, во сферата на образованието се донесени и многу други мерки со кои што се обезбедува задолжително и бесплатно средно образовение, бесплатни учебници и превоз за учениците. Изградени се и реконструирани се окулу 300 училишта во целата  држава. Зголемени се стипендиите за учениците и студентите и обезбедно е бесплатно школување за најталентираните ученици кои ќе се запишат на престижните светски универзитети.

Преведени се учебниците од кои што студираат студентите од најпрестижните универзитети од светот. Исто така на младите им се обезбедува бесплатен влез во театри, музеи и кина низ целата држава, изградени се спортски терени и игралишта  со цел градење на културните и спортските вредности на младиот човек.

СДСМ нема реализирано ниту процент од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направило за младите. Во време на СДСМ не само што не се инвестираше во образованито, туку не се направи апсолутно ништо ниту за вработување на младите.

Денес за разлика од тогаш се носат посебни програми за вработување на младите. Овозможено е ослободување од плаќање на придонеси на работодавачите кои ќе вработат млади лица до 29 годишна возраст, и со оваа мерка за само 4 месеци се вработени речиси 3000 млади невработени лица. Исто така обезбедени се програми за самовработување со кредитирање на млади лица и програма за практиканство со која што на младите ќе им се даде можност за стекнување на работни вештини и искуства.

Ова се само мал дел од проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги превзема за младите во  Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е свесна дека за младите може и треба да се направи уште многу и затоа и понатака ќе продолжи да работи посветено на подобра иднина на младиот човек во Република Македонија, бидејќи тоа било и ќе остане наш врвен приоритет. СДСМ треба да се запраша што тие направија за младите во изминативе 20 години кога имаа можност нешто да сторат“, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Дарко Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски