Спринтерот Ристе Пандев и Христина Ристеска се двајцата атлетичари од Македонија кои ќе ја претставуваат нашата земја на Европското првенство во Цирих, Швајцарија.
Ристеска попладнево од 18 часот ќе трча во квалификациите на 400 метри. Таа ќе се појави во третата од четирите квалификациски трки.
Пандев својот настап ќе го има в четврток во квалификациите на 200 метри.
На ова ЕП учествуваат 1.439 атлетичари од 50 земји. Првенството почна денеска и ќе трае до недела.