Поголем дел од Кочани без вода за пиење, се реконструира водоводната мрежа

Од:

Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани продолжува со реконструкцијата на дел од водоводната мрежа во централното градско подрачје,согласно програмата на општината за реконструкција на водоснабдувањето на жителите на Кочани.

– Поради реконструкција наз водоводната мрежа на улицата „Раде Кончар“ ќе има прекин во испораката на вода почнувајки од 8.00 до 16 часот. Без вода ќе бидат и улиците „Скопска“, „Глигор Прличев“, „Малина Попиванова“, „Скоевска“,„Ристо Симеонов“, како и правните лица од малото стопанство во индустрискиот дел на Кочани,заедно со детската градинка кај Тикешински лозја, изјави Љупчо Папазов, директор на КЈП „Водовод“.

Со ова 80 проценти од водоводната мрежа во централното градско подрачје на Кочани ќе биде заменета со нова, што е согласно потпишаниот договор на општина Кочани и Светска банка за реконструкција на водоводната мрежа во Кочани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот