И Израел го прифати новиот египетски предлог за тридневен прекин на огнот во Газа

Од:

Израел попладнево, исто така, го прифати египетскиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа во следните 72 часа, јавија британските медиуми. .

Египет денеска ги повика Израел и Палестинците да го прифатат новото 72-часовно примирје, почнувајќи од денеска од 24 часот по локално време (23 часот по  средноевропско), јавија британските медиуми, повикувајќи се на соопштение на  Министерството за надворешни работи во Каиро.

Претходно, еден палестински претставник изјави дека е договорено ново тридневно примирје со посредство на Египет, но засега нема потврда од Израел, пренесоа француските медиуми.

Истиот извор наведе дека Египет добил симултана согласност од двете страни и дека почетокот на примирјето официјално ќе биде објавен.

Официјален израелски претставник изјави дека за тоа се уште се дискутира.

Претходното тридневно примирје заврши во петокот наутро и судирите меѓу Израел и Хамас веднаш продолжија.

Претходно денеска палестинските преговарачи соопштија дека го проучуваат новиот предлог за прекин на огнот добиен  од Египет и дека својот став ќе го соопштат откако ќе ја дознаат позицијата на Израел.

Израелска делегација во петокот се повлече од преговорите во  Каиро. Потоа продолжи насилството, но со намалена жестина.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море