Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Од:

Хамас е подготвен за прекин на огнот во Газа, изјави висок функционер на палестинската милитантна група, поздравувајќи го примирјето што стапи на сила во Либан меѓу Израел и Хезболах, пишува The Times of Israel.

„Ги информиравме посредниците во Египет, Катар и Турција дека Хамас е подготвен за договор за прекин на огнот и сериозен договор за размена на затвореници“, изјави функционерот за АФП, обвинувајќи го Израел за попречување на договорот.

Американските и израелските власти изразија надеж дека губењето на воената поддршка на Хезболах ќе помогне да се принуди Хамас да бара мир.

Групата долго време вели дека сака прекин на огнот, но не е подготвена да ги исполни барањата на Израел за заложници, според израелските наводи.

Меѓународните посредници велат дека израелските барања за останување на војниците во Газа се исто така пречка, обвинувајќи ги двете страни за ќор-сокакот.

Би можело да ве интересира

ИДФ: Во воздушен напад убиен командант на воздухопловните сили на Хамас во градот Газа

А1он

ВИДЕО: Амнести интернешнал го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Газа

Израелска армија уби тројца членови на Хамас на северот на окупираниот Западен Брег

Мајка на единствената Британка која ја држи Хамас: Трамп ми дава надеж

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

Нетанјаху му се закани на Хезболах: Израел ќе одговори насилно