Најмалку девет лица загинаа од тајфунот Халонг што ја зафати Јапонија во текот на изминатата ноќ.
Агенцијата Кјодо информира дека уште две лица се водат за исчезнати.
Според податоци на локалните медиуми, најмалку 80 лица се здобиле со различни травматолошки повреди.
Во изминатите два дена заради тајфунот беа откажани над 800 летови и тоа ги засегна како гигантите на јапонската цивилна авијација „ЏАЛ“ и „Ол Нипон ервејс“, така и ниско буџетните авиопревозници, каков што е „Пич авиејшн“, информира ИТАР-ТАСС.
На над половина милион жители синоќа им било наредено да се евакуираат од своите домови во западните региони на земјата, од каде пристигнуваат информации за свлечишта од кал и надојдени реки.
Властите во неколку региони од земјата предупредуваат на високи бранови, силни дождови и надојдени реки. Халонг во моментов се движи кон Јапонско Море.