Мехмети Деваја: ДУИ не излегува од Владата

Од:

ДУИ не излегува од Владата. Многумина тоа и го чекаат, за да им се отвори место на нив, но  ДУИ нема таква намера, Ермира Мехмети Деваја, во интервју за „Журнал“,  го соопшти јасно ставот на коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

„Некој друг може да очекува ДУИ да ја напушти Владата и  да се оди на предвремени избори. Не сме подготвени ниту заинтересирани да направиме место за игра на другите, но ќе го направиме она што е нашата политика и е во согласност со очекувањата на албански електорат, а не само на гласачите на ДУИ“, вели Мехмети Деваја.

„Ова не е моментот кога треба да се бара ДУИ да ја напушти Владата, што ќе значи одобрување на овој закон, а тоа  не зависи од функционирањето на владата, бидејќи ова е предлог кој доаѓа од пратеничка група и што е уште поважно е предлог закон кој ја има поддршката од македонската опозиција. Во оваа ситуација недостиг на единство на Албанците ќе значи олеснување на институциите да  го одобрат законот“, вели Мехмети Деваја.

Донесувањето на законот за бранители, онака како што е предложен од  ВМРО-ДПМНЕ, вели, може да доведе до политичка нестабилност, до закана за постоењето на владата и на институциите, како што ги знаеме, но и нестабилност во односите меѓу Македонците и Албанците, вели Ермира Мехмети Деваја .

За ДУИ овој закон е нивната  црвена линија, и  значајно е  она што ќе го направат етничките Македонци.

„Тука не станува збор само за ВМРО-ДПМНЕ како предлагач на законот, бидејќи тие едноставно немаат доволно гласови за да помине законот. Тука зборуваме за етнички блок, во кој спаѓа и опозициската СДСМ која се промовира како умерена, про рамковна партија, за мирен соживот и етничка доверба, а  всушност, токму тие ќе ги обезбедат гласовите за донесување на овој закон“, вели Мехмети Деваја.

 

Би можело да ве интересира

ДУИ: Истрагата за пожарот во Кочани станува пример за правна импровизација

А1он

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Oбвинителството контра ДУИ: Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани

Горан Наумовски

ДУИ: Не смееме да дозволиме трагедијата во Кочани да се искористи за политичка пропаганда

Не помина иницијативата на „Европски фронт“ за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани

Тошковски обвинува за координиран опозициски напад кон него, СДСМ му порача дека има панични испади

Катерина Ѓуровски