До понеделник пријавување за учесниците во мерката отпис на долговите

Од:

Заинтересираните компании кои сакаат да учествуваат во владината мерка за отпис на долговите на ранливите категории може да се пријават до понеделник. Досега интерес пројавија  ЕВН Македонија, Комерцијална, Тутунска и Стопанска банка АД Скопје.

Целата постапка за отпис на долгови на најранливите категории граѓани се очекува да заврши до октомври, а се проценува дека ќе се опфатат меѓу 50.000 и 100.000 граѓани, што, пак, зависи од тоа колку ќе се пријават.

Барањата за отпис на долговите граѓаните ќе ги поднесуваат во центрите за социјална работа во местото на живеење во рок од 30 дена од објавување на повикот од страна на Министерството за финансии, а за прифаќање на барањето ќе одлучува посебна комисија формирана од министерот за труд и социјална политика.

Ќе се отпишуваат долгови настанати заклучно со 31 декември 2013 година, а по основ на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, за кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити класифицирани во категорија Г и Д од страна на банките, а кои не се обезбедени, како и за радио дифузна такса.

Со мерката заедно со главниот долг предвидено е да се отпишат и каматите, како и трошоците за нотари и извршители.

За отпишаниот долг доверителите, односно банките, ЕВН, Топлификација ќе добијат право на даночен кредит во висина на одреден процент на долгот кој нема да биде повеќе од 10 отсто од отпишаниот долг.

Со оваа мерка се отпишуваат долговите на три најранливи категории граѓани, односно корисниците на социјална помош и постојана парична помош, невработени лица кои активно бараат работа подолго од 12 месеци и лицата кои се изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или инвалидност или потешка болест настанати во последните пет години.

Услов за првите две категории за да ја користат оваа мерка е да немаат остварено дополнителни приходи поголеми од 105.600 денари во 2013 година и да не поседуваат друг имот освен станот или куќата во која живеат.

Би можело да ве интересира

Жителите на Слупчане се уште го блокираат влезот: Ќе го платиме долгот кон ЕВН, но не и каматите

A1on

ВИДЕО: Се спрема отповикување на градоначалниците недомаќини, општините пак во долгови од над 75,7 милиони евра

Маја Илиевска-Пачемска

Да се интензивираат активностите за отпис на каматите и за репрограмирање на долговите за физички лица

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев: Предлагаме закон за отпишување на сите камати на граѓаните-должници, за сите предмети дадени за извршување до крајот на 2017 година

Ќе се допрецизира Предлог законот за отпис на камати за наплата на долгови

Ана Ололовска

„Солидарност“: Владата најави отпишување на долговите за 100.000 лица, ама им отпиша на 4.700

Ана Ололовска