Припадници на Ал Каеда киднапираа и убија 15 војници во јужниот дел на Јемен, соопшти воен претставник.
Убиството на војниците најверојатно претставува одмазда за најновата офанзива на армијата против исламистите.
Војниците се убиени во близина на градот Шибам, во јужната провинција Хадрамвт, соопштија јеменските власти. Според првичните податоци зад нападот стои Џалал Белаиди, локален командант на Ал Каеда, кој е еден од најбараните исламисти во Јемен.