(ВИДЕО) Ајдари: Заштитени сведоци во иднина може да сведочат и против Груевски

Од:

Бедри Ајдари, брат на еден од осудените во случајот „Монструм“, од денешните мирни протести порача дека во иднина судот може да работи против Никола Груевски со измислени докази.

Ајдари посочи дека не протестираат за да бараат слобода за криминалци, туку се во потрага по вистината која ја крои судот по диктат.

„Во иднина судот може ќе работи и против вас со измислени докази и со заштитени сведоци. Верувајте дека заштитени сведоци многу ќе најдеме и тоа полицајци, судии ќе бидат регрутирани како заштитени сведоци против вас Никола Груевски“, изјави Бедри Ајдари.

Околу педесетина луѓе беа дел од денешниот протест. Организаторите се пожалија дека и овој пат полицијата не им дозволила да протестираат пред владата иако тврдат дека протестот бил уредно пријавен до полиција.

Барањата на организаторите на протестот остануваат исти. Разрешување на обвинителот и судијата во случајот „Монструм“, но и бараат оставка од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Организаторите денеска порачаа дека протестите нема да запрат.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски