Деновиве по социјалните мрежи почнаа да кружат експлицитни фотографии на фудбалерот на „Парис Сен Жермен“, Езекиел Лавеци и неговата девојка Јанин Скрепанте.
Се работи за дело на хакер кој веројатно „провалил“ во мобилниот телефон или пак во компијутерот на Лавеци или Јанин, по што фотографиите брзо се проширија на социјалните мрежи и станаа вистински виртуелен хит.
Секако, фотографиите имаат многу коментари од типот: „ова докажува дека Лавеци не е гладен само за голови“, „мислев дека Лавеци игра крило, ама изгледа повеќе сака да влезе во средина“ и многу други.