Хаос на римскиот аеродром Фиумичино поради штрајк на персоналот задолжен за багажите на патниците

Од:

На римскиот аеродром Фиумичино е вистински хаос поради штрајкот на персоналот задолжен за багажот на патниците, објави Кориере дела сера. Протестот почна во неделата и е оквалификуван како тивок штрајк.

Вработените ги почитуваат сите инструкции за работа, но работат многу бавно со што процесот на обработка на багажите на патниците е исклучително отежнат. На пистата на аеродромот синоќа беа видливи илјадници патнички торби и куфери.

Патниците се жалат дека доцнат на летовите, но и багажот не пристигнува заедно со нив на крајната дестинација од патувањето.

Протестот е по повик на синдикатот и насочен против планот за намалување на 1.590 работни места во АлИталија во секторот за обработка на багажите. Персоналот е редуциран и сега еден вработен извршува работни задачи што претходно ги вршеле четири лица. АлИталија се спојува со компанијата Етихад од ОАЕ. Во Рим синоќа пристигна и претседателот на Етихад Џејмс Хоган со цел да се разреши кризата и да се финализира договорот со АлИталија.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага