Заев: Решението на Жерновски е конечно и за него не се гласа

Од:

По вчерашната седница на која се гласаше за двата спорни ДУП-а, од кои еден предвидува изградба на десеткатница на Водно, останаа отворени дилеми за самиот тек на седницата и за тоа дали сега се донесени овие ДУП-ови.

Всушност се дискутираше и гласаше за решенијата на градоначалникот на општина Центар за и ветото на жерновски поради низа прекршувања на закони, Статут и деловник.

На својот фејсбук профил се огласи лидерот на СДСМ Зоран Заев. Еве го ставот на Заев:

zoran-zaev-statussss-6

Да гласате ЗА или ПРОТИВ решение на градоначалник за непрогласување на одлуките за донесување на ДУП е исто како парламентот да гласа ЗА или ПРОТИВ указот на претседателот на РМ за непрогласување на закон.

Советот согласно закон во ваков случај мора повторно да ги стави на дневен ред одлуките за ДУП а не решението на градоначалникот исто како што Парламентот согласно закон во ваков сучај мора повторно да ги стави на дневен ред законите а не указот на претседателот на РМ. Решението на градоначалникот е конечно и за него не се одлучува (гласа) како што е конечен и указот на претседателот на РМ и за указот не гласа собранието. Обврска согласно закон е повторно да се одлучува по истите точки.

Затоа деталните урбанистички планови се сметаат дека не се донесени и општината ќе работи по деталните урбанистички планови кои досега се на сила и ќе останат на сила.Тоа се истите детални урбанистички планови по кои работеше општина Центар и вчера и пред еден месец и пред една година или две години.

За да може да се смета согласно закон дека е донесена одлука за деталните урбанистички планови мора да има 12 гласови од вкупно 23-те советниците кои гласале ЗА ОДЛУКА ЗА ДУП. (ПРОПИС)

На седницата одржана на 04-ти Август:

ПРВО, не се гласаше за одлуки за донесување на урбанистички планови и затоа не може да има донесени детални урбанистички планови и ВТОРО,се гласаше со 11 гласа ЗА,11 гласови ПРОТИВ и 1 ВОЗДРЖАН.

На ова укажа и градоначалникот на општина Центар. Посочи дека со 11-11 и еден воздржан глас на Мирослав Шиповиќ, одлуката не е донесена.

„Со ова општината влегува во правен вакуум. Ова што сега го правите е уште поголема грешка. Не можат да се донесат одлуки со ист број гласови, затоа ова ќе го обжалам на Уставен Суд, кој со техничка одлука ќе констатира дека ова сценарио е спротивно на законот.Сметате ли дека треба десеткатница на Водно и кој утре ќе ја понесе одговорноста? Доколку нешто се случи на Водно, на секои 5 минути ќе Ви се јавувам и ќе Ве потсетувам дека ова Вие сте го гласале”, рече Жерновски.

Би можело да ве интересира

Раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки

А1он

Филипче најави парцијално освежување на тимовите во делот на раководството на СДСМ

А1он

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Вториот вработен во фирмата со тендри од девет милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата, објави СДСМ

Арсовски бара јавно извинување од СДСМ и нагласува дека нема никаква поврзаност со фирмата „Дигитал оне“

Катерина Ѓуровски