Читам, гледам, слушам и не ми се верува и веднаш се сетив на цртаниот филм ХИПО И ШИПО. Хипо беше големиот а Шипо беше малиот.
Дали тоа ни се случува во општина Центар? Општината чии жители одеа со крената глава.И со право, бидејки успеаја да ја одземат (НЕ)власта во таа општина. Бевме горди, извојувавме победа и против ДРПМНЕ и против самиот овчар, та нали тој беше шеф на изборниот штаб?
Се скандализиравме кога ја направија провидната опструкција апсејки го Председателот на Советот, нашиот Шипо, заради кого бевме подготвени и Шутка да ја напаѓаме за да го ослободиме. Погласните бевме провоцирани и ни се закануваа. Заради што и заради кого?! Заради Г-динот Шиповиќ.
И што?! Наеднаш од нигде никаде Шипо се најде туку така на слобода. Бевме среќни и задоволни и го почукавме по рамо Андреј со зборовите АЈДЕ СЕГА ДОСТА РИКВЕРЦ, СТАВАЈ ДИРЕКТНО У ВТОРА.
Не не послуша и имал право дечкото затоа што на првата кривина едната гума (Шипо) се покажа како поизлитена.
И сега ај некој да ми објасни дали ДУПОТ е донесен или не е? Според тој истиот Шипо ДУПОТ бил усвоен, а гласовите се нерешено 11:11 и еден воздржан, нормално Шипо. Колку што мене ме држи памет ако се одигра натпревар и е нерешен и двата тима добиваат по еден бод, а овде Шипо го прогласил ДУПОТ за усвоен!
А бе Шипо, а бе дРпмне-овци , не Водно , Хималаите да ве поклопат, грам воздух до вас да не дојде.
Па добро бе до кога ќе квачиме пред фб-уков и ќе јадеме ЛЈН? Ајде бе зимајте тоа токмаците, ајде бе со молотовчиња, ајде бе на барикади пошто не само Скопје, ни отиде и земјичкава.
Марин Бабиќ