Општина Студеничани: Отпуштена администраторка, фалсификувала документи по налог на поранешниот градоначалник

Од:

Деновиве во Oпштина Студеничани се случи економски скандал кој е избегнат на време без да му наштети на буџетот на општината и на актуелнотo раководство на општината.

Се работи за случај организиран и темпиран од страна на екс-градоначалникот на Oпштина Студеничани, Фати Исени во соработка со една администраторка на општината и трето лице, објавија денеска на прес коференција од Општината.

Екс-градоначалникот подготвил документ (Договор) со кој Општината се обврзува на трето лице секој месец од 2011 и наваму да исплатува 300 евра во денарска против вредност за наводно извршени услуги за транспорт на отпад и други не прецизирани месечни суми за одржување на камионот како и други трошоци за царинирање на камионот. Истиот документ успеал да го убеди и да и ја даде на општинската администраторка за да го запечати со печатот на Јавното Комунално Претпријатие “Студеничани” и истиот документ да го врати на екс-градоначалникот Фати Исени, велат оттаму.

За да ја заврши ова услуга од бизнис компанија блиска со екс-градоначалникот Исени и со негова интервенција уште пред да ја изврши дадената задача администраторката примила 3 илјади евра кеш пари во рака.

Советници од кабинетот на актуалниот градоначалник Азем Садики случајот го открија кога администраторката успеала да го запечати документот и имала намера да го даде на екс-градоначалникот Фати Исени.

По откривањето на овој документ таа во присуство на комисиjа формирана исклучиво за овој случај потпишала изјава со која ја објаснува мрежата за организирање на овој криминален акт.

Администраторката е отпуштена од работа, додека случајот е пријавен во полиција и во Јавното Обвинителство.

Би можело да ве интересира

Изгоре кров и втор кат од куќа во скопското село Студеничани

Семејство од Студеничани контролира кој ќе има струја во селото: Блокира улици за да не влезат екипи на ЕВН

A1on

Се скарал со братот, па пукал и го ранил

Изгоре „БМВ“ во скопско Студеничани

Горан Наумовски

Високи функционери во МВР ги убедуваа жителите на Студеничани да не пукаат по свадби

Жарко Настоски

Млади жители на Студеничани уапсени во четири наутро, носеле пиштол и не почитувале полициски час

Жарко Настоски