Колумбискиот репрезентативец Радамел Фалкао и покрај многубројните најави за негова промена на клупската средина, сепак и во новата сезона ќе игра за Монако, соопштија денеска од клубот од Кнежеството.
Фалкао вчера се врати на теренот после повеќемесечна пауза поради повреда на коленото.
– Со сигурност кажуваме дека Фалкао останува во Монако. Тој е наш играч и не го пуштаме во друг клуб. Жалам што Џејмс Родригез си замина, но трансфер на Фалкао нема да има ова лето. Тој добро се опоравува од повредата и очекувам да биде на нивото пред принудната пауза, изјави тренерот на Монако, Леонардо Жардим.