Бундеслигашот Хамбургер денеска соопшти дека го ангажира Валон Бехрами. Швајцарскиот репрезентативец и поранешен играч на Наполи за екипата од Хамбург потпиша тригодишен договор.
29-годишниот Бехрами во својата кариера настапувал и за Фиорентина, Вест Хем, Лацио, Верона и Џенова.
За Швајцарија одиграл 48 натпревари и постигнал два гола.
Во Хамбургер очекуваат со ангажирањето на Бехрами да се засили средниот ред.
Хамбургер новата сезона во Бундес лигата ќе ја почне на 23 август на гостински терен против Келн.