Израел нема да испрати свои претставници во Каиро на преговорите за примирје со Хамас, потврди израелски висок претставник.
Тој ги обвини палестинските исламисти дека ги залажуваат меѓународните посредници, нагласувајќи дека „Хамас не е заинтересиран за примирје“.
Договорениот прекин на огнот со посредство на Египет вчера беше прекршен само неколку часа по неговото стапување во сила, по што Израел и Хамас меѓусебно се обвинија за тоа.
Подоцна денеска се очекува палестинска делегација да пристигне во Каиро за нови преговори.