Околу стотина граѓани повторно протестираа против пресудата во случајот „Монструм“ но и како што велат драконските затворски казни од по три години за шестмината учесници во насилните демонстрации.
Бедри Ајдари брат на еден од осудените во случајот „Монструм“ пред медиумите се пожали дека иако протестот уредно го пријавиле во МВР, полицијата не им дозволила своето незадоволство да го изразат пред владата на РМ.
„Маршутата ни е од пред Чаирчанка до пред владата. Сега имаме пречки од полицијата. Се крши уставното право за протест. Ние сме спречени да протестираме иако најавивме. Сакавме нашите нови барања да ги прочитаме пред владата но не успеавме“, изјави Ајдари.
Демонстрантите прашаа за каква демократија зборуваат Груевски и Јанкуловска кога се загрозува основното право на протест. Протестот помина без инциденти.