Децата секој ден претрчуваат маратон

Од:

Децата секојдневно трошат трипати повеќе енергија од возрасните. Поради тоа, експертите предупредуваат дека детската исхрана мора да биде богата со витамини, железо и калциум.

За децата, посебно за момчињата, често се вели дека се активни „како да се вклучени во струја“. На родителите некогаш им е тешко да ги следат, а резултатите од едно британско истражување покажале зошто е тоа така.

Имено, децата секојдневно трошат трипати повеќе енергија од возрасните. Експертите тоа сликовито го објаснуваат: дневно трошат толку енергија колку што возрасен човек би потрошил во текот на 83 рунди во рингот, односно за време на 249 минути во бокс. Тие секој ден се толку многу активни што, кога должината на сите нивни движења во паркот, песокот или во затворен простор би се собрала, тоа би изнесувало дури 48 километри.

Експертите сметаат дека активностите на децата бараат толкаво количество на енергија, кое може да се мери со три фудбалски натпревари одиграни во еден ден.

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он