По повод македонскиот национален празник 2 Август – Илинден почесниот конзулат на Македонија во Перт приреди прием, на кој присуствуваа претставници на македонските иселенички организации, на МПЦ – ОА, на австралиската влада, опозицијата, вооружените сили, локалната власт, бизнисмени, академски научници и други.
Од името на Република Македонија поздравен говор одржа почесниот конзул Зоран Ќосески, додека свои обраќања имаат и Крис Хатон, претставник на Владата на Западна Австралија и Марк Мкгоњан, лидер на опозицијата.
Се служеше македонска храна и вино, а гостите се забавуваа со звуците на македонската народна музика.