Израелска ракета денеска погоди една зграда од комплексот каде се наоѓа најголема болница во Појасот Газа, изјавија вработените.
Палестинската полиција соопшти дека имало повеќе напади и оти е погоден и паркот во близина и дека има и жртви.
Во нападот е погодена зградата која се наоѓа во близина на главниот влез на болницата Шифа, тврдат болнички извори, а на репортерите им е забрането да снимаат.
Израелската армија не го коментира нападот.