Честитка за Бајрам од претседателот на Собранието Вељаноски

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска упати честитка до претседателот на Исламската верска заедница Реис ул улема Сулејман Реџепи и до сите верници од исламската вероисповед во државата, по повод исламскиот празник Бајрам, посакувајќи празничната радост да ја споделата со семејството и пријателите во мир, благосостојба и меѓусебно разбирање.

– Големите верски празници се можност за обединување и меѓусебно почитување. Тие претставуваат темел преку кој се буди хуманоста и солидарноста, но се и поттик за пружање на рака за помош, без разлика на вера или нациналност. Убеден сум дека, како и досега, така и во иднина Република Македонија ќе биде пример за почитувањето на верската различност и негувањето на толеранцијата, унапредување на меѓусебните односи кои пак водат кон добри дела и просперитет, се вели во честитката.

Тој се осврнува и на заложбите на Исламската верска заедница во земјава. – Исто така, сакам да истакнам дека заложбите на ИВЗ се насочени кон јакнењето на вредности во Република Македонија кои ни се потребни во градењето на подобра заедничка иднина. Уште еднаш, Ви го честитам големиот празник и Ви посакувам добро празнично расположение, се наведува во честитката од претседател на Собранието на Република Македонија Вељаноски.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска