А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Коментар: Има ли пилот во авионот „Македонија“

by А1он14/09/2012 - 13:47316
Share0

Лекари контра лекари, невладини против невладини, едни протестираат за нешто што било пред 6 години, а како што тргнале за ова што е денеска, ќе им текне да се побунат после 5 години.

Следете a1on на Instagram Instagram

И сите нормално чисти, што би рекле „ѓоа бебенце“, а политички вмешани-скраја да е.

Ало…Има ли пилот во авионот „Македонија“, или го вози кој стигне, според дневна желба и потреба?

Следете a1on на Youtube YouTube

Понеделникот се вознемиривме, ДУИ е скар со ВМРО-ДПМНЕ и не си играат веќе со нив, па од нивната кавга, курбан отиде желбата за пензија на заменикот на Народниот правобранител. Жената уредно си исполнила услови и сака да ужива во пензионерските денови.

Е ама каде најде во овие „тревожни моменти“ да го посака ова. Прво требаше да види каква е атмосферата, цвета ли љубовта или тендерите се закочени, па после да си бара дозвола од пратениците.

Јасно, на ти го-дај ми го тактиката беше два -три дена, и повторно се беше како пред…па како пред Слупчане.

Нервозите, по некоја псовка, се заборавија.

Она што треба да го патентираме како наш изум, сега не може Милошевиќ да не тужи за плагијат за изумот, секој ден да никнуваат нови и нови таканаречени невладини, па по потреба и лекарски синдикати.

Фрчковски си доби француски клуч и им ја покажа вратата, а таа што држеше говор како историчар за заштита на спомениците, само во слободно време го правела тоа, а во останатото, била ептен непартиска личност.

И после да не се чудиме од каде и е на Брисел оценката за недоволен демократски капацитет.

Катерина Цаневска Арсовска

duiposkapuvanjevmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

Горан Наумовски13/05/2026 - 09:04

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски11/05/2026 - 09:3311/05/2026 - 09:43

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

Горан Наумовски11/05/2026 - 09:03

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

Горан Наумовски08/05/2026 - 14:43

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 10:24

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

Горан Наумовски03/05/2026 - 15:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто