Израел го отфрли планот за прекин на огнот во Појасот Газа, бара измени

Од:

Кабинетот за безбедност на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрлил предлозите за прекин на огнот во Појасот Газа и бара измени во планот, изјави владин претставник.

Американскиот државен секретар Џон Кери предложи план за прекин на 18-дневните борби меѓу Израел и исламистите од движењето Хамас во Појасот Газа.

Детали за предложеното примирје не беа објавени, но според некои западни медиуми, Израел бара модификации пред да се согласи со каков бил прекин на воените дејствија, додека Хамас се уште не одговорил.

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу денеска во Доха се сретна со лидерот на Хамас, Халед Мешаал, со цел да придонесе во напорите за постигнување примирје со Израел.

– Работиме со Катар на проект за подготвување текст на Хамас за прекин на огнот. Преговорите се движат во добар правец, истакна турски официјален претставник.

Турција, која остро ја критикува израелската офанзива во Газа, прави притисок за вклучување на Хамас во преговори со цел да се воспостави прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас