Честитка од Комисијата за односи со верските заедници по повод Рамазанскиот Бајрам

Од:

Директорката на Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска упати телеграма со честитка до поглавартот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Хаџи Сулејман еф. Реџепи по повод големиот празник Бајрам.

– Нека овој голем празник нè потсети на љубовта која ја носиме во себе спрема Севишниот и дека со негување на добрите мисли и добрите дела можеме да придонесеме за напредок на темелните вредности во нашиот живот и во нашето општество. Ви посакувам деновите на Рамазан Бајрам кои се слават по светиот месец на постот, на сите да Ви донесат мир, единство и среќа, и во духот на универзалните вредности на овој празник многу радост, почитување и добро здравје во Вашите семејства и домови, се вели во честитката од директорката Божиновска.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска